Балкан Прајм Турс: Тим Билдинг е најпродуктивниот трошок кој може една компанија да го направи!

Активностите за градење тим стануваат се поважни во светот и кај нас за компаниите од сите големини. Особено е важна оваа активност бидејќи голем број на компании работат онлајн и имаат виртуелни тимови, затоа денес е доста важно да се најдат начини да се зближат вработените и да се поттикне чувство на заедница. Тим билдингот не само што помага да се изградат и зацврстат односите меѓу соработниците, туку и да се подобрат вештините за комуникација, меѓусебна соработка и решавање проблеми, вели Влатко Сулев, оперативен директор на Балкан Прајм Турс (Balkan Prime Tours).
Така што се повеќе се поставува прашањето каков тим билдинг ни треба, кој ќе биде концептот, колку дена ќе трае, ќе биде активен или повеќе на уживање, на кои локации ќе се оди.


Некогаш е доволно само да не се оди на работа, да се отиде на некое поразлично место од секојдневната рутина!
Концептот и програмата се креира заедно со клиентот според потребите на компанијата и очекувањата на вработените. Но најчесто се преферираат автентични доживувања, искреност и оригиналност. Луѓето сакаат обични работи, лични доживувања, уникатно Тим Билдинг искуство. Тоа не секогаш е поврзано со скапи хотели или ресторани, со преголеми трошоци, туку е повеќе работа на инспирација и креативност.
Едноставните работи допираат до срцето на луѓето!
Може да се оди некаде во близина, а и подалеку.
На приемр, интересна активност за градење на тим може да вклучува и возбуда и совладување нова вештина, како на пример јавање. Во Скопје, во јавачкиот клуб Хиподром тренерите објаснуваат дека речиси секој почетник, што има желба да ја научи оваа вештина, има шанса тоа да го стори во прекрасниот коњички клуб, опкружен со природа и идила. Исто така ова може да биде одлична можност вработените да научат нова вештина, да добијат поддршка од своите колеги и да изградат меѓусебна доверба и емпатија додека се во дослух со природата меѓусебно да се поврзат на еден поинаков и автентичен начин. Јавањето може да се искомбинира со прошетка во природа, па дегустација на вино или традиционална храна, да се отиде до археолошки локалитет…било што друго!


Друг интересен начин да се гради тимската култура е секако враќањето на заедницата. Што значи тоа? Во секој град, па и во Скопје, живеат бездомни и сиромашни луѓе, кон кои животот бил исклучително суров. Кога тимот на една компанија ќе се здружи на било каков начин да им помогне на овие луѓе, човечноста е една димензија што честопати забораваме да ја адресираме, особено во ова брзо време. Дали ќе им се готви заеднички храна на помалку среќните, или ќе се донираат основни намирници, облека итн, тоа може да влијае на градењето топлина меѓу колегите и да ја зајакне врската помеѓу нив.
“Придобивките од активностите на тим билдингот влијае на моралот на вработените и културата на компанијата. Посилните односи и подобрената комуникација и соработка може да доведат до зголемена продуктивност и поефикасно решавање на проблемите во иднина”, истакнува г. Сулев
Вакви активности се инвестиција во највредното богатство на компанијата, а тоа се нејзините вработени. Со овозможување можности и уникатни искуства за вработените да се поврзат, учат и растат заедно компаниите создаваат посилни и поуспешни тимови. Отворени сме за соработка со различни компании, институции од земјава и странство, и заедно можеме да креираме автентични тим билдинг активности.

Translate »