(ВИДЕО) Во Нови Пазар луѓето се грабаа за шеќер
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како луѓето во Нови Пазар во Србија се грабаат за шеќер.
„Дајте ми пакет, за волја на Бога. Дај ми едно пакување“, се слуша како плаче една жена од снимката.
Медиумите јавуваат дека недостигот од основни производи е честа појава во Србија во последните неколку месеци.
Недостигот на шеќер во продавниците низ Србија трае веќе со недели, а во многу продавници наложуваат граѓаните да не купуваат повеќе од пет килограми шеќер при набавка. Годинава имаше недостиг на шеќер и млеко. Медиумите јавуваа дека една жена при пазарење купиле дури 24 литри млеко.