Младиот охриѓанец Марко Пејчиноски на само 12 години го преплива Охридското езеро.
Младиот охриѓанец Марко Пејчиноски на само 12 години направи голем подвиг и успеа да го преплива Охридското езеро.
Пејчиноски и покрај здравствениот проблем кој го има, односно инфаркт на коска на долните екстремитети, успеа во големиот подвиг, по маратонска патека да го преплива Охридското езеро и да си го оствари својот сон.
Во доста тешки временски услови, со ветер и бранови, Марко исплива 30 километри, почнувајќи од Свети Наум, па се до Охридското пристаниште.
Големиот подвиг на младиот Македонец траеше нешто повеќе од девет часа. Марко тргна да го преплива езерото во 9:00 часот, а на Градското пристаниште тој пристигна во 18:20 часот и беше пречекан од стотици луѓе кои му аплаудираа за херојскиот чин.

Фото: www.OhridNews.com