Скопскиот земјотрес не ја намали страста на скопјани за фудбалот
И покрај фактот дека како резултат на земјотресот, 1100 жители ги загубиле животите, најмалку 3000 лица биле повредени, а 200.000 жители на Скопје останале без покрив на главата, љубовта на скопјани кон фудбалот не престанала. Тие живееле за фудбалот, со нетрпение ги чекале првенствените натпревари, и со срце и спортски дух ги бодреле своите миленици. Скопјани покажаа сплотеност, чувството на заедништво, солидарност и силен мотив да се продолжи понатаму.
По извесно време Скопје почнаа да го посетуваат и многу други светски делегации, новинари, патници-намерници. Градот полека почна да се претвора во огромно градилиште, каде од пепелот на урнатините почнаа да никнуваат нови објекти. Беа изградени цели населби со монтажни бараки, во кои скопјани почнаа да се сместуваат и повторно се врати животот онаму каде што природната стихија за миг го запре. Но фудбалот остана нивната голема страст!
Невозможните услови за тренинг и работа таа година, личните трагедии што ги доживееја скопјани, влијаеше ФК Вардар да треба да испадне од првата фудбалска лига на Југославија. Но поради специфичните услови под кои се одвиваа натпреварите по скопскиот земјотрес, Фудбалскиот сојуз на Југославија реши да се солидаризира и одлучи ФК Вардар сепак да остане во елитното друштво.
Стрезо Трпковски поранешен сојузен и интернационален судија во ФСЈ се сеќава дека тогаш на чело на управниот одбор на ФК Вардар доаѓа Кочо Китановски (потпретседател на извршен совет на град Скопје), кој со своите напредни идеи настојуваше Вардар да прерасне во модерен и стабилен клуб. Тој меѓу другото лобира да се постави нова дренажа со нов бусен на градскиот стадион. Исто така започнува со изградбата и опремување со освлетлување на стадионот за да можат да се играат и ноќни натпревари. Првиот натпревар под рефлектори е пријателскиот натпревар помеѓу вечните ривали Вардар и Раднички Ниш, суден токму од Трпковски.
По земјотресот од Нови Сад е донесен афирмираниот спортски работник Хуго Рушевљанин, дотогашен технички директор на ФК Партизан од Белград. Тоа беше човек којшто 24 часа од денот работеше и размислуваше само на фудбалот, потполно запоставувајќи го дури и личниот живот. Со своите современи фудбалски идеи и современи методи на тренинг, пропаѓирајќи спортски живот на играчите и надвор од фудбалскиот терен, ФК вардар го трансформира по примерот на најсовремените европски клубови како што се Реал Милан, Јувентус Баерн Минхен и др. Оттогаш Вардар за неколку класи беше понапред во секој поглед од другите македонски клубовиво тоа време (Работнички, Пелистер..). По примерот на Милан дресовите од плаво бела комбинација Хуго ги промени во црвено црни. Хуго Рушевљанин заедно со Фрањо Пазмањ поставија основа за вистинска професионализација на клубот со нов адаптиран, но далеку попрофесионален режим на работа. Живнува пионерско-младинската школа која ја преземаат да ја водат дотогашните фудбалери Часлав Божиновски и Андон Дончевски. Во тие години на двоецот Рушевљанин – Пазмањ секако за издвојување е генерацијата од 1966 година на Мутибариќ, Дробац, Плачков, Илија и Сократ Мојсов, Дојчиновски, Ковачевски, Шулинчевски, Мечкаров, Спасовски…ФК Вардар станува респектабилен спортски колектив, кој може секого да го победи.
Ретки се градовите во светот кои доживеале таква природна катастрофа и невидена катаклизма, но истовремено и толку голем одѕив за помош, искажана солидарност, љубов кон градот и настраданите жители, но и толку голема љубов кон фудбалот.
Следуваат тренери како Часлав Божиновски, Стјепан Бобек, Вукашин Вишњевац, Илија Димовски, Ѓоко Хаџиевски, Драган Канатларовски до Илчо Ѓорѓиоски кој на импозантен начин со само еден пораз во 33 кола му обезбеди шампионската титула на ФК вардар, прва по девет години пауза.