Врменска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 21 до 32 степена.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Продолжува период на променливо облачно нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се задржи под просекот за овој период од годината, ноќе бележи благ пораст. Преодно стабилизирање со посончево и потопло време ќе има во сабота.

Translate »