Емотивна средба меѓу сијамски близначки

Ана Грејс и Хоуп Елизабет Ричардс  родени се како сијамски близнаци.

Ана Грејс и Хоуп Елизабет Ричардс

Малите девојчиња пред неколку месеци поминаа успешна операција со која беа разделени. Тие повторно се обединија дури пред една недела откако и втората близначка ги напушти болничките простории. Имено, поради компликации од операцијата, Хоуп морала подолго време да остане во болница. Таа таму поминала 482 дена од својот живот.

Пред да си замине дома, Хоуп се сретна со Ана, а фотографиите од нивната средба стоплија многу срца низ светот.

Ана Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет Ричардс

Ана Грејс и Хоуп Елизабет се родија на 29 декември 2016 година со царски рез во 35-тата недела од бременоста на мајка им. Заедно тие тежеа 4,4 килограми, а беа споени на градниот кош и стомакот. Нивните срца беа поврзани со голем крвен сад.

Ана Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет Ричардс

Родителите Џил и Мајкл знаеле дека нивните ќерки ќе се родат споени, но сè до нивното доаѓање на свет не знаеле дали некогаш тие ќе бидат разделени. За среќа, по породувањето, докторите утврдиле дека тие имаат одлични шанси да ја преживеат комплицираната операција.

Од првиот ден од животот на близначките, докторите започнале да го планираат нивното раздвојување и да ги подготвуваат нивните мали тела за операцијата.

Ана Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет Ричардс

На 13 јануари оваа година, тим од 75 хирурзи, анестезиолози, кардиолози и медицински сестри од осум специјалности учествуваше во 7-часовна процедура за раздвојување.

„Успехот на оваа неверојатно комплексна операција се должи на посветеноста на членовите од нашиот тим. Пресреќни сме со резултатот и со нетрпение го очекуваме закрепнувањето на Ана и Хоуп“ – изјави по операцијата главниот хирург, Лари Холиер.

„Се надевам дека овие девојчиња ќе пораснат здрави и дека ќе живеат продуктивен живот. Еден ден ќе дојдат кај мене, а јас ќе ги кренам в раце и ќе им речам ‘Здраво’“ – рекла Олујанка, хирург кој придонесе за успешното раздвојување.

Ана Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет Ричардс

Родителите на малите девојчиња биле пресреќни кога им била соопштена прекрасната вест дека операцијата била успешна.

„Во овој момент сè изгледа реално. Нашето семејство им е бескрајно благодарно на докторите, сестрите, детските специјалисти, физикалните терапевти и останатите во Детската болница во Тексас.“

Ана Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет Ричардс

„Речиси две години се молевме за овој ден. Не можам да го опишам она што го чувствувам кога ги гледам нашите ќерки на два различни кревети. Не можеме да му бидеме поблагодарни на тимот кој ни го оствари сонот“ – рекла мајката.

Малите близначки имаат уште двајца поголеми браќа.

Ана Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет РичардсАна Грејс и Хоуп Елизабет Ричардс

 

Translate »