Девојка спаси 6 човечки животи оставајќи пораки на мостови
Нејзината мисија ќе ја прогласиме за позитив на денот. Поради ваквите луѓе светот станува поубаво место за живеење.
Пејџ Хантер (18) од Англија во една ТВ емисија проговори за својата хумана мисија со која спречила неколку трагедии.
Пејџ пред само 4 месеци сакала да си го одземе животот со скокање од мост, кој бил едно од најпознатите места за самоубиства во реонот каде што живее, но двајца добри луѓе успеале да ја убедат дека таа вреди повеќе.
Така Пејџ била инспирирана својата болка да ја претвори во акција и храбро се посветила на фрлање на светлина во животите на другите луѓе.
Почнала да остава шарени ливчиња со позитивни пораки на локацијата каде сакала да се самоубие, но и на други мостови во близина. Многу луѓе ѝ се благодарни за тоа.
Нејзините зборови дека ќе биде подобро и не се осмелувај да се откажеш од животот спасиле 6 животи досега, откри таа. Пејџ досега оставила преку 240 пораки и целата заедница е горда на неа. Луѓето сами одат кај неа за да ѝ кажат колку им помогнала.
Таа вели дека добила втора шанса во животот и сака и другите да го искусат тоа.
Дел од нејзините пораки:
С. С.| Црнобело