Сандра Булок: Бев жртва на сексуално вознемирување

Актерката Сандра Булок, се најде во центарот на вниманието поради филмот „Ocean’s 8“ во кој глумат Кејт Бланшет, Ен Хатавеј, но и Ријана.

 

Во интервју кое го даде за магазинот „In Style“, таа зборуваше и за движењето „Времето истече“, но и за тоа дека и самата била жртва на сексуално вознемирување кога имала само 16 години.

„Лесно е да им се даде пари на луѓе кои се неверојатно храбри и отворени“, изјави актерката која донираше половина милион долари во споменатото движење.

„Движењето не постои само поради актерите, туку и поради самохраните мајки кои се злоставувани, малтертирани и сексуално вознемирувани. Наша должност е да направиме се што е во наша моќ за да им помогнеме“, додаде таа.

„Можам со сигурност да кажам дека не постои личност која ја познавам, а да нема доживеано некаков вид на вознемирување или да не познава некого на кому тоа му се случило. И јас бев жртва на сексуално вознемирување на 16 години. Се чувствуваш парализирано. До неодамна тоа беше срамота за жртвите, а не за оние кои го сториле тоа“, изјави Сандра Булок.

Таа додаде и дека е многу среќна во врска со Брајан Рендал.

„Многу е љубезен. На децата тој им е на прво место, а јас на второ, но тоа го прифатив, бидејќи е многу позабавен и има подобар пристап со нив за разлика од мене“, вели актерката.

За своите посвоени деца, Луиса и Лејли, кои ги одгледува со својот дечко Рендал, раскажуваше со солзи, вели дека не ги гледа како посвоени, туку како свои деца.

Зборувајќи за новиот филм „Ocean’s 8“, вели дека уживала работејќи со толку голем број на жени.

„Мислеа дека се мразиме една со друга, но се случуваше токму спротивното. Со Сара Пулсон беше како во училиште кога професорката ќе ви каже „доста со зборување“, а вие почнувате да се смеете и плачете“, вели Булок.

HOLLYWOOD – JUNE 01: Sandra Bullock arrives on red carpet of the Los Angeles premiere of “The Proposal” at the El Capitan Theatre on June 1, 2009 in Hollywood, California. (Photo by Lester Cohen/WireImage)

 

Translate »