Поради шлаканица и се суди за тероризам (видео)

Јавноста во Израел бара 17 годишната Ахед Тамими да добие доживотен затвор за шлаканицата која  му ја удри на израелскиот војник во окупираните територии, пред една година. Шлаканицата стана вирален хит на социјалните мрежи, а моментот го снимила нејзината мајка. Во тек е судскиот процес против палестинската тинејџерка, која стана национална икона на отпорот. Нејзино ослободување бара и Амнести Интернејшнл, а таа за својата храброст доби орден од турскиот претседател Ердоган.Во затвор се наоѓа и помалиот брат на Ахед поради тоа што фрлал камења на израелските војници.

Translate »