4-ГОДИШНИОТ ПРИНЦ ЛУИС ЗА КРАЛИЦАТА:ТАА Е СЕГА КАЈ ДЕДО
Кејт Мидлтон , принцезата од Велс, разговараше со посетителите кои ја оплакуваа кралицата надвор од замокот Виндзор во саботата – а принцезата сподели слатко чувство од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. „Таа е сега кај прадедо“, рекло 4-годишното момче за својата прабаба, кралицата Елизабета Втора.Принцезата го посети замокот Виндзор со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, како и принцот Хари и неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс. Четворицата ги пречека толпа луѓе, оддавајќи и почит на кралицата.
Кејт застана да разговара со некои посетители и ги сподели зборовите на Луис со група деца, известува Роја Никах, кралска уредничка на Сандеј Тајмс и соработник на CBS News.
Моментот беше снимен на видео и споделен на TikTok, каде што беше прегледан повеќе од 2 милиони пати. Во видеото, Кејт го нарекува Луис „толку сладок“ и вели дека неговите мисли покажуваат „колку [кралицата] била посебна за сите генерации“.
Луис стана познат по тоа што е палав: Тој беше фатен на камера како прави лица на настан за платинестиот јубилеј на кралицата во јуни. Тој е најмладиот од трите деца на кралската двојка и помалиот брат на принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Семејството доби нови титули откако кралицата умре и нејзиниот син Чарлс стана крал. Најстариот син на кралот Чарлс, принцот Вилијам, и неговата сопруга Кетрин, сега се принц и принцеза од Велс, како и војвода и војвотката од Кембриџ и Корнвол. Нивните деца сега се принцови и принцези од Велс.
Децата на принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, исто така станаа принц и принцеза.
Во саботата беше првиот пат кога Вилијам, Кејт, Хари и Меган се појавија јавно по смртта на кралицата. Тоа е, исто така, прв пат четворицата повторно да се обединат јавно по многу месеци. Хари и Меган се преселиле во САД во 2020 година, што предизвикало раздор во семејството.
Другите членови на кралското семејство, како принцезата Ана, принцот Ендру и принцот Едвард, го посетија замокот Балморал во Шкотска во саботата. Таму умре кралицата два дена порано.