Си ја упропастил младоста и животот кога изел полжав поради облог

Сем Балард сега има 28 години, врзан е за количка, има  напади и  се храни преку туба. Тој не е ни сенка од она што беше пред шест  години, млад и надежен рагби играч, друштвен и полн со живот. Во 2012 -та година, 22 годишниот Австралијанец во дворот на својот пријател, се обложил дека ќе изеде  жив полжав и го направил тоа…

Веднаш потоа сериозно се разболел,  а лекарите утврдиле дека причина за тешкиот менингитис бил  паразитот наречен “глувчешки белодробен црв” кој се пренесува преку полжави.

Сем Балард добил воспаление на мозокот и  во кома поминал 450 дена.  По три години поминати   во болница, тој е пуштен дома , но во количка и  со сериозни здравствени проблеми.

Сем Балард со мајка му

Неговите родители се неутешни . Мајка му не може да се навикне на состојбата на нејзиниот син, кој беше пример за момче кое пука од здравје. Се уште се надева дека тој ќе застане на нозе, но болничките трошоци се огромни . Пред две години, таа подигна кредит од 490 000 долари за лечење на синот, а сега банката си ги бара парите назад.

Инаку, паразитот  со кој се инфицирал Сем Балард, се наоѓа  во крвта на  стаорците, а полжавите се инфицираат ако го јадат  нивниот измет.  Лугето можат да се заразат и од неизмиен зеленчук кој бил во контакт со инфицирани полжави.

Translate »