Хиерархија на потребите на Маслов и суштината на осигурувањето
Кога сме осигурани, се чувствуваме стабилно што ни овозможува да се посветиме на нашите лични и професионални аспирации без страв од финансиска катастрофа.
Абрахам Маслоу (или Маслов) можеби не размислувал директно за осигурувањето кога го формулирал својот модел на хиерархија на потребите, но неговите принципи секако може да се аплицираат на оваа тема. Во основата на неговата теорија се основните потреби за сигурност, елементи кои секоја форма на осигурување ги обезбедува. Но, дали Македонија заостанува во оваа основна човечка аспирација во споредба со Европа и другите развиени земји?
Во многу делови на Европа и развиениот свет, осигурувањето се смета за стандарден дел од животот. Зошто? Затоа што осигурувањето не само што ја заштитува финансиската стабилност на поединците и семејствата, туку исто така овозможува мир што е клучен за достигнување на понапредни фази на самореализација.
Во Македонија, сепак, често постои одреден степен на скептицизам кон осигурувањето. Но, земајќи предвид дека светот станува сè понепредвидлив и подложен на кризи, како што се природни катастрофи, економски колапси и здравствени пандемии, осигурувањето преставува неопходност, а не луксуз.
Затоа, клучно е да се разбере дека осигурувањето не е само финансиски трошок или обврска туку е стратегија за управување со ризик која може значително да го подобри квалитетот на живот. Осигурителните полиси за здравје, живот, имот и возила не само што нудат заштита во случај на непредвидени настани, туку исто така овозможуваат поголема финансиска слобода и сигурност во секојдневието.
Покрај финансиската и физичката заштита, осигурувањето има и длабока психолошка вредност. Кога сме осигурани, се чувствуваме стабилно што ни овозможува да се посветиме на нашите лични и професионални аспирации без страв од финансиска катастрофа.
Ние би требало да го следиме примерот на развиените земји каде осигурувањето е секојдневие. Со зголемена употреба на осигурителни услуги, Македонија може да постигне подлабока социјална и економска благосостојба. Наспроти културата на избегнување осигурување, воспоставувањето култура на предвидливост и превенција може да резултира со зајакната национална финансиска стабилност и општествено доверба.
Осигурувањето не е само дополнителен трошок туку треба да се гледа како инвестиција во иднината. Инвестиција која ја обезбедува личната сигурност и на најмилите, ослободувајќи ресурси и енергија за потрага по посвисоки цели и аспирации, како што се самоактуализацијата и личниот развој, што би рекол Маслов.
Време е икај нас осигурувањето да се препознае не само како нужност, туку и како основа за плодна иднина. Со промовирање на културата на осигурување секој граѓанин ќе има можност да живее без страв од финансиски колапс, што е клучно за градење посилно и посветло општество.