Денеска во потрага за подобар живот, многу луѓе се спремни да ризикуваат, се со цел за да дојдат до некоја пара повеќе.

 

Пред неколку години, актуелна стана работата во Авганистан. Авганистан за многу семејства стана единствена можност, која што може да ги помести еден чекор напред.

Едно е јасно. Платите таму се големи, а ризикот и опасноста по живот е уште поголем.

Виктор, во Авганиста беше три години. Тој пред да замине таму, работеше во перална за коли. Плата мала, услови за работа мизерни. За подобар живот за себе, и за свето семејство, тој се одлучил да замине на работа во Авганистан.

-Имав среќа за да ме викнат на интервју, а потоа и да ја добијам работата. Искрено бев среќен, но и исплашен. Имав некоја слика за тоа како е таму, но верувајте не е ни малку како што си замислував. Многу е полоша… Започнав работа во кујна. Платата можеше да биде до 6.000 долари, и повеќе зависно од работната позиција.  Имаше возачи, водоинсталатери,  електричари, работници  за во кујна, администратори и уште некои работни места.  Одмор можеше да се користи на секои  100 дена, и плаќаа повратен билет.  Инаку онака нема одмор  и се работи секој ден.  Напад на база може да се случи во секој момент и затоа се одржуваат брифинзи за тоа како треба да се заштитат луѓето.  Кога имаше узбуна и по неколку часа се криевме во бункери.  Имаше случај граната падна во база и повреди цивили.  Не смеат многу да зборуваат за тоа што таму се случува.  Ризикот е 75%, никој не гарантира безбедност. Јас бев 3 години, а има луѓе кои се во Авганистан и по 12 години – вели Виктор.

Тој додава дека во Авганистан заминал со една единствена цел. Да зарботи пари. Да си купи стан и да си го среди. Да има за еден нормален живот.

-Сметав дека три години ми се доволни. Човечкото око не е заситно, па така во трка по повеќе пари, можеш да изгубиш многу, а јас не го сакав тоа. Доволни ми беа изгубени три години, далеку од семејството. Далеку од секој празник, од секој роденден на моите дечиња…

Виктор вели дека парите мачно ги заработил во Авганистан. Вели дека не би сакал никогаш повеќе да замине таму, иако сега повторно одат голем број на луѓе.

преземено од Скопјеинфо