ЛАС ВЕГАС Е ГРАД НА ДУХОВИ: КИЛОМЕТАРСКИ КОЛОНИ НА ГЛАДНИ ЧЕКААТ ПАКЕТИ СО ХРАНА, ЖИВОТОТ ИМ СЕ ПРОМЕНИ ПРЕКУ НОЌ (ВИДЕО)

Лас Вегас изгледа ужасно во времето на пандемијата на коронавирус. Сите казина во овој град се затворени, а туристите повеќе ги нема.

Градот сега изгледа како град на духови, со стотици отпуштени работници кои чекаат пред казината да ја добијат својата храна. Ова се последиците од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Може да се види километарска колона автомобили и стотици семејства што чекаат, не за работа, туку за бесплатна храна од банката за храна (место каде што храната може да ја земат сиромашните и раселените).

Претставникот на Банката за храна, Брајан Бартон, рече дека по помош доаѓаат луѓето кои до пред пандемијата на коронавирус имале солидни работи, а сега животите им се смениле преку ноќ.

– Лицата на гладните во Лас Вегас изгледаат како моето и твоето. Половина од овие луѓе никогаш не биле во ситуација да побараат помош. Тоа се луѓе кои имаа солидна работа и чии животи се свртеа преку ноќ – рече Бартон.

Сето ова е последица на економската криза бидејќи економијата на овој регион се заснова на туризам и забава. Вирусот Корона нанесе поголем удар врз градската економија отколку економската криза во 2008 година.

Translate »