Каде исчезнаа Меган и Хари по погребот на кралицата? Последното видео предизвика бурни реакции…
Pринцот Хари и Меган Mаркл одиграа истакнати улоги во текот на погребот на кралицата Елизабета.
Познато е декa парот којшто ја напушти кралската должност и сега живее во Америка има проблематични односи со останатите членови на кралското семејство.
Откако ја напуштија должноста во кралското семејство, учествувале во бројни интервјуа, вклучувајќи го и бомбастичното интервју со американската водителка Опра Винфри минатата година.
Во него тие го обвинија кралското семејство за расизам, тврдејќи дека неименуван член на кралското семејство имал непримерни забелешки за нивниот син Арчи пред да се роди и дека институцијата пропуштила да им помогне.
Сепак, од смртта на кралицата која се случи речиси пред две седмици, тие се најдоа во срцето на сите настани.
Сега се поставува прашањето што направиле откако во понеделникот погребот официјално заврши?
Парот за последен пат бил виден во јавноста додека ја напуштале капелата Свети Џорџ, а изгледале исцрпено, додека пак Хари воздивнал длабоко и со тоа привлекол уште поголемо внимание. Реакциите во јавноста биле изразено негативни после видените работи.
Потоа очигледно тие двајца присуствувале на приватниот погреб на кралицата, на кој биле членовите на кралското семјество и нејзините најблиски. Потоа ја поминале ноќта во Виндзор.
Меѓутоа, како што пренесува „The Times“ во Обединетото Кралство нема да останат уште долго.
Причината е тоа што тие имаат намера што побрзо да одлетаат во својот дом во Калифорнија за да можат да бидат со своите деца – момчето Арчи кое има три години и едногодишната Лилибет.
Без оглед на турбулентната врска во последните неколку години, војводата и војвотката од Сасекс и останатите членови на кралското семејство се обединети во тагата по смртта на кралицата.
Тоа го наметнува прашањето за можноста на смирување меѓу Хари и неговиот брат Вилијам и таткото, кралот Чарлс.
Без оглед на извештаите за раздорот меѓу двајцата брака, Вилијам и Хари останале срдечни еден кон друг и видени се како разговараат во текот на посетата.
Тоа следело откако кралот му оддал признание на парот во своето обраќање на нацијата, по смртта на неговата мајка: „Исто така сакам да ја изразам својата љубов кон Хари и Меган додека продолжуваат да ги градат своите животи во странство“.
Пред погребот на кралицата, Хари и Меган присуствувале на прославата на нејзиниот платинест јубилеј во јули, но поголем дел од викендот поминале подалеку од кралското семејство.
Уште е нејасно дали тие ќе присуствуваат на крунисувањето на Чарлс Трети и останува да видиме дали несогласувањата ќе ги остават настрана во обид засекогаш да стават крај на раздорот и дали нивната појава на кралските настани ќе стане вообичаена.