Истражување: Изложеноста на зелени површини ја зголемува креативноста за 50%

Честото одење во природа не релаксира, го зголемува нашиот имунолошки систем и креативност. Ни открива нешто ново, предизвикува чуда и го буди детето во нас. за себе. Според студијата објавена во американскиот магазин “Личноста и социјалната психологија”, само со четири дена поминати во природа, далеку од електронските уреди, може да се зголеми креативноста за дури 50%.

Исто така истражувањето покажало дека кога испитаниците во работните простории биле изложени на зелени декорации (на вертикални градини, врамени дизајни, топки, бонсаи дрва и растенија) дале подобри резултати, отколку оние кои биле изложени на бела боја.

Токму поради тоа, во светот, а од неодамна и кај нас почнаа да се аплицираа вертикални градини направени од природни стабилизирани растенија, што подразбира аплициран мов, бршлени, листови, папрат и цвеќиња на дрвени панели, кои можат да се постават на било кое место во просторот. Станува збор за декоративни растенија (100% природни, но не живи) кои се долготрајни, кои не бараат одржување, нахранување, наводнување ниту пак светлина. Треба само да се внимава да не се изложуваат на сончева светлина, ниту пак да се инсталираат над радијатори, ниту пак под клима уреди.

Исто така дополнителни истражувања во Јапонија покажале дека изложеноста на зелени декорации како и шетањето во природата го зголемува и имунитетот за околу 50%. Ако сакате зеленило, во простор каде  ни кактуси не успеваат, тогаш ова е вистинското решение за вас. повеќе инфо на https://flowercity.mk/

Translate »