Експлодира боца во сервис за мотоцикли на „Јордан Мијалков“, има повредени

Плинска боца експлодира во продажниот салон и сервис за мотоцикли „Hamachi“ на улица Јордан Мијалков помеѓу молот „Рамстор“ и Клинички центар во Скопје.

Противпожарните возила и Брзата помош се уште интервенираат. Неофицијално еден човек е извлечен од објектот, а друг се уште е заглавен внатре и пожарникари се обидуваат да го извлечат.

Крстосниците се блокирани од полиција, а повеќе информации од службите се очекуваат подоцна.

Вработените во сервисот беа во паника и нагласија дека најверојатно се работи за боца што „дишела“, која експлодирала при контакт со искра.

Translate »