Нова колекција на модниот бренд „Шизик на ризик“
Македонскиот моден бренд со акцент на дизајнирање streetwear облека со автентичен израз „Шизик на ризик“ на македонската публика ѝ се претстави пред само пет месеци, но веќе е препознатлив по уникатните исписи. Креативниот тим на брендот деновиве ја прошири понудата со нова колекиција на дуксери, блузони, маици, капи, кои се подготвуваа паралелно со уредувањето и отоворањето на нивната продавница во Скопје – со што новата колекцијата Pleasuredome 10 си дојде дома, на улица Васил Главинов број 10.
„Шизик на ризик“, именуван по познатата изрека од скопскиот сленг, со своите дизајни реферира на симболи на Скопје, ретро графики и типографија, кои се инспирација за уникатна урбано-модна приказна. Ова се преточува и во новата колекција Pleasuredome 10 која содржи неколку линии. Серијата маици Vintage се повикуваат на исписите на старите скопски занаетчиски работилници и дуќани како „Милер“, „Работник“ и „Шехеразада“.
Линијата на блузони Rogue SHZK е инспирирана од светски познатиот споменик „Македониум“ блендирани со приказната за НАСА и нивниот слоган I Need My Space. Дуксерите Pioneer имаат црвена качулка и доаѓаат во три колор варијанти. Нови е и линијата на dropshirt блузони со кратки ракави, а збогатена е и детската линија на маици.
Дуксерите и блузоните се 100% македонски производ изработени во соработка со неколку македонски компании. Истите се збогатени со специјално за нив ткаени и везени амблеми.
Новитет е линијата на snapback капи и домашно изработени плетени капи од предиво со висок процент на волна.
Во продавницита на „Шизик на ризик“ ќе најдете и маици од линијата „Скопје“, шолји, платнени торби и постери со оригинaлни дизајни кои се уникатен промотивен подарок од градот.
Ѕирнете ја колекцијата Pleasuredome 10 преку новата фотосесија во која се појавуваат Александар, Емил и Миа. Фотографиите ги потпишува Филип Кондовски.