КИНА ГО ВОЗВРАТИ УДАРОТ И ПЛАСИРА СВОЈА ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР: ВИРУСОТ НЕ ПРИСТИГНАЛ ВО САД ОД ВУХАН, ТУКУ Е „ПРОИЗВЕДЕН“ ВО МЕРИЛЕНД

Од почетокот на пандемијата, Кина се спротивстави на глобалната истрага за потеклото на коронавирусот и таквата резолуција на Светската здравствена организација (СЗО), но на крајот и даде зелено светло. Како што Си Џинпинг се подготвувал да се обрати пред Собранието на СЗО, се чинело дека кинескиот лидер може да подлегне на притисокот од повеќе од стотина земји и да се изложи на заедничката критика.

Но, на крајот, дошло до помирувачки тонови и Кина исто така изразила подготвеност да поддржи истрага за потеклото на вирусот, но дури по завршувањето на пандемијата.

Откако ја пофалил меѓународната реакција и вонредната синергија во борбата против Ковид-19, кинескиот лидер изјавил дека Кина ја поддржува идејата за сеопфатен преглед на глобалниот одговор на инфекцијата, и објективна и непристрасна истрага, но откако болеста ќе се доведе под контрола. Кина на тој начин најави игра на долг рок, каде сигурно ќе најде повеќе начини да ги избегне сите потенцијални стапици и обвинувања.

Чекајќи го крајот на пандемијата

Објективното и непристрасното не е исто како и независно, забележува Си-Ен-Ен. Во теорија, истрагата може да биде покрената со поддршка на СЗО, но може да се исклучи од какво било надворешно и независно влијание. Бројни светски влади организирале истраги за себе и за нивните постапки и биле надгледувани од судии или други аполитички набљудувачи со често понижувачки резултати. Постои голема разлика помеѓу започнувањето на глобална истрага – оние што потенцијално ги лутат повеќето моќни сили – и копањето по нешто што може да биде срамно за само неколку политичари. Во тој случај, Кина ќе може да влијае врз тоа кој ќе седне во истражниот тим, со номинирање на луѓе кои се во прилог на Пекинг или со притисок на сојузниците да ги номинираат.

Во својот говор, претседателот Си ја истакнал поддршката на Кина за другите земји и организации – вклучително и Светската здравствена организација, за која ветиле 2 милијарди американски долари во текот на две години – политички долг што Пекинг сигурно ќе го наплати во иднина. Неговата влада, исто така, дискретно ги демонстрирала потенцијалните последици од замерките кон Кина преку наметнување нови трговски тарифи на Австралија, во очигледна одмазда за нивните неодамнешни потези во врска со коронавирусот.

Пандемијата ја остави Кина во ранлива позиција во однос на глобалното влијание. Ова е делумно како резултат на глобалниот бес поради пропустите и молчењето на Пекинг на почетокот на пандемијата, но и поради соодветното економско забавување. Секое одложување во истрагата за коронавирус може драматично да влијае на двата проблеми, бидејќи може да трае со години пред да се стави под пандемијата под контрола. Научниците веќе предупредуваат дека Ковид-19 би можел да стане повеќегодишна инфекција и дека постои мала шанса некои истраги со долги стази да и наштетат на Кина.

„Сами се виновни“

Паралелно со дипломатските игри, Пекинг воведе свои теории на заговор, според кои американската епидемија на коронавирус потекнува всушност автохтоно, од протекување во американската воена лабораторија „Форт Детрик“. Написот објавен овој викенд во магазинот „Квиши“ на кинеската комунистичка партија цитира делови од извештајот во кој се тврди дека коронавирусот не потекнува од градот Вухан. Авторот конкретно ја анализира ситуацијата во САД, каде досега од Ковид-19 починале скоро стотина илјади луѓе, тврдejќи дека вирусот што експлодирал во САД во март не потекнува од странство, туку веројатно од лабораторија во Мериленд.

Американскиот институт за истражување на заразни болести навистина се наоѓал во „Форт Детрик“ до минатата година, но истиот бил затворен минатиот август, откако било откриено дека не ги исполнува регулативите за безбедност. „Њујорк Тајмс“ објави дека нема соодветни системи за деконтаминација на отпадните води. Една од претходните варијации на кинеските теории на заговор тврдела дека американскиот воен персонал од Форт Детрик всушност го донел коронавирусот во Вухан минатиот октомври, за време на Светските воени игри . Сите овие приказни за заговор се последователен одговор на обвинението на Трамп, што повеќето научници одамна го негираа, а се однесува на тврдење дека коронавирусот во Вухан излегол од Институтот за вирологија, а не од тамошниот пазар.

Очигледно коронавирусното пинг-понг топче уште многу пати ќе прелетува во воздухот меѓу Вашингтон и Пекинг.

Translate »