Новата генерација Eucerin® Hyaluron-Filler со троен ефект е карта за успех во подмладувачката нега на кожата
Новата формула за подобрена ефикасност на популарната линија против стареење на кожата обезбедува пополнување, стимулирање, заштита
Дермокозметичкиот бренд Eucerin® чии производи имаат моќ да го променат животот на луѓето, ја претстави најновата генерација на производи за подмладувачка нега на кожата Eucerin® Hyaluron-Filler. Формулата има за цел холистички пристап во борбата против стареењето – покрај тоа што ги надополнува резервите на хијалуронска киселина во кожата, ја стимулира кожата да ја произведува и да ја задржува подолго сопствената хијалуронска киселина. Ова се должи на ниско- и високомолекуларната хијалуронска киселина, глицин-сапонин и новиот еноксолон, што го намалува распаѓањето на сопствената хијалуронска киселина. Тројниот ефект на новата формула доаѓа во ново, модерно пакување кое го надополнува чувството за врвна нега на кожата против стареење.
Хијалуронската киселина е многу популарна состојка во производите против стареење на кожата. Од една страна, тоа е природна состојка што самата кожа ја произведува, а од друга – има неверојатна способност да привлече и задржи вода со волумен помеѓу 1000 и 10.000 пати поголем од сопствениот волумен. Поради овие ненадминати предности, Eucerin® одлучи да ја вклучи во своите формули против стареење на кожата и стана првата компанија во светот што го направи овој чекор.
Но, иако нашето тело произведува една од главните состојки на младоста, треба да ги надополниме залихите и дополнително да го стимулираме нејзиното производство, бидејќи со текот на времето таа се намалува. Истовремено се забрзуваат и процесите коишто водат до нејзино разградување – дејството на слободните радикали и биоразградувањето со ензимот хијалуронидаза. Така, на дваесет и повеќе години почнуваме да ги чувствуваме првите знаци на промена – дехидратација и фини линии и брчки.
За да помогне во контролирање и забавување на овој процес, Eucerin ® користи холистички пристап во својата нова формула во линијата Eucerin®Hyaluron-Filler. Ја полни кожата со хијалуронска киселина за да ја хидрира и да ги пополни брчките, го стимулира сопственото производство на хијалуронска киселина со антиоксидантот глицин-сапонин, зголемувајќи го нивото на 256% и ја штити со новата активна состојка еноксолон, што го намалува распаѓањето на хијалуронската киселина за 50 %.
Како точно делува формулата?
Хијалуронска киселина
Eucerin® користи хијалуронска киселина со висока молекуларна тежина чии молекули се големи и имаат најголема моќ да привлечат и задржат вода за да го хидрираат горниот слој на кожата и да ги пополнат фините линии. Хијалуронската киселина со ниска молекуларна тежина (со молекули до 40 пати помали од оние со висока молекуларна тежина) продира длабоко во дермисот, каде што ги пополнува подлабоките брчки и го стимулира сопственото производство на хијалуронска киселина.
Глицин-сапонин
Процесот е потпомогнат од антиоксидантот глицин-сапонин, којшто исто така ги стимулира фибробластите во дермисот да произведуваат хијалуронска киселина. Покрај тоа, глицин-сапонин го поддржува производството на колаген до 49%. Во ин витро студиите, ја покажа својата способност да заштитува од оксидативен стрес.
Еноксолон
Последниот чекор во севкупниот пристап кон негата против стареење на Eucerin® Hyaluron-Filler е да се спречи разградувањето на хијалуронската киселина. Под влијание на слободните радикали и на природните ензими во кожата, значаен дел од хијалуронската киселина брзо се разградува и со возраста овој процес станува поинтензивен. Затоа Eucerin® ја вклучува во линијата Hyaluron -Filler новата состојка еноксолон – извлечена од корен на сладунец. Еноксолон ги инхибира ефектите на хијалуронидазата и го намалува природниот ензимски распад на хијалуронска киселина. На овој начин, поголемиот дел од хијалуронската киселина останува подолго во кожата, за да ја хидрира и да ги пополнува фините линии и брчки.
Како резултат на интеракцијата на оваа уникатна комбинација на активни состојки, Eucerin® Hyaluron Filler ги задоволува потребите на кожата за хијалуронска киселина, го стимулира сопственото производство на хијалуронска киселина на кожата за повеќе од 200% и го намалува неговото распаѓање за 50%. На овој начин новата формула пополнува, стимулира и штити.
Новата генерација Eucerin® Hyaluron-Filler ја покажува способноста да ги намали првите и највидливи знаци на стареење како што се дехидратација, фини линии и брчки. Со редовна употреба, 99% од учесниците во истражувањата велат дека нивните брчки се пополнети – дури и најдлабоките брчки. Производите Eucerin® Hyaluron-Filler се спротивставуваат на процесот на стареење и обезбедуваат видливо помлад изглед на кожата, а таа е помазна и посјајна.
Покрај тоа, клиничките и дерматолошките студии покажаа многу добра толеранција од кожата, дури и од чувствителна кожа. Производите се некомедогени, што значи дека не ги затвораат порите и не предизвикуваат акни.
Eucerin® препорачува комбинирана употреба на производите од серијата Hyaluron-Filler за максимална ефикасност. На пример, примената на Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер пред дневните креми (со или без SPF30) значајно го подобрува подмладувачкиот ефект. Употребата на Eucerin® Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум пред ноќниот крем од истата линија помага во регенерација на кожата и ексфолијација на мртвите клетки. Употребата на Eucerin® Hyaluron-Filler Серум пред дневниот крем од линијата значајно ја подобрува состојбата на фините линии и брчки, како на пример оние во предел околу очите, устата и на деколтето.
Обновената линија на производи со подмладувачко дејство Eucerin® Hyaluron-Filler е достапна и во ново пакување. Нивниот модерен дизајн придонесува за целокупното чувство на врвно уживање во нега на кожата. Беше посветено внимание и на еколошкиот момент, па на одредени производи, на пример Eucerin® Hyaluron-Filler Серумот, пакувањето е направено од 80% помалку пластика.
Производите од Eucerin® Hyaluron-Filler линијата со обновена формула и надворешен изглед се достапни во аптеките ширум Македонија од ноември 2021 г.