ВМРО-ДПМНE: Власта нема капацитет да ги реализира проектираните капитални инвестиции
Економијата во државата тоне и тоа е вина на неспособноста на Зоран Заев и криминалниот картел кој што е на власт. Тие покажаа дека немаат капацитет да го реализираат тоа што самите си го проектирале како капитални инвестиции.
Имено катастрофата во економијата која што ни се случува е резултат на исклучително ниското ниво на реализација на капиталните инвестиции од само замислете 27,4%. Замислете за девет месеци само 27,4% реализација, не е ниту една третина.
Реалноста е дека во 9 месеци оваа власт не реализирала ниту третина од тоа што го проектирала во врска со изградба на патишта, болници, училишта, енергетски капацитети, детски градинки, инвестиции во земјоделието, образованието, здравството и сите други сегменти во државата.
Заради тоа државата е на вакво дереџе како што е во моментот. Целата економија ни е на колена, граѓаните осиромашуваат, а стопанството едвај диши и врзува крај со крај.
СДСМ ветуваше 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и над 1.100 километри локални патишта до крајот на нивниот мандат, а веќе половина од нивниот мандат помина, ништо од тоа не е почнато, дополнително се крати и на работи кои што се неопходни за функционирањето на државата.
Нема пари ниту за клиничката болница во Скопје, ниту за клиничката болница во Штип. Се крати на секое ниво во државата. Вистинските приоритети за државата, не се и приоритети и за оваа власт.
Ребалансот на буџетот кој го подготвува оваа некадарна власт на СДСМ не само што нема да смени ништо во последните три месеци, туку напротив уште повеќе ќе ја продлабочи економската криза. Јавноста е сведок дека оваа власт неодговорно се однесува, се задолжува на ангро секоја недела, троши на луксузи, набавува скапи возила, бадеми, ф`стаци, апетисани, потпишува скапи хонорари на партиски послушници, за се само не за реалните потреби на граѓаните.
Нема оправдување неработењето на оваа власт. Самите го проектираа буџетот, сами проектираа капитални инвестиции, самите се фалеа дека тоа ќе го реализираат во интерес на граѓаните и стопанството и на крај еве се случува фијаско.
Колку повеќе владее овој криминален картел, толку повеќе штета секој ден и секој месец се прави на државата и на граѓаните.