(Видео) Снимка која ги шокираше сите: Учителка влече низ ходник дете со аутизам
Учителка доби отказ од училиште во американската држава Кентаки, откако се појави видео снимка на која може да се забележи како таа низ ходник влече 9-годишно дете со аутизам. Локалните органи соопштија дека таа добила отказ во понеделникот, иако инцидентот се случил во октомври минатата година.
,,Учителката е отстранета од училиштето по формална истрага, а случајот е пријавен до надлежните органи”, изјавија надлежните во училиштето.
Мајката на момчето Енџел Нелсон изјавила за Си-ен-ен дека нејзиниот син бил извлечен од училницата откако имал ,,испад”. Таа на Фејсбук објави видео од сигурносните камери во училиштето на кои се забележува како учителката го држи детето за зглобот на раката и го влече низ ходникот.
извор: Makfax