ИРЛ: Како Јанева го правдаше куќниот притвор за Мијалков и Камчев

Оправдани се стравовите за опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци, вака накусо изгледа резимето од образложенијата на судиите кои одлучуваа за притворите на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев.

ИРЛ Македонија дојде до судските решенија за Мијалков и Камчев со коишто и двајцата се испраќаат од затвор во куќен притвор. Истите откриваат дека Камчев, покрај македонското имал и бугарско државјанство, но и дека Мијалков може непречено да комуницира со лица вклучени во истрагата бидејќи СЈО таква листа не доставило, ниту му забранило да користи мобилен телефон.

СЈО не можело да наброи уреди за комуникација и листа со сведоци за Мијалков

СЈО не чекаше ни 24 часа, туку следниот ден на 29 декември (сабота) испраќа коригиран предлог до судот со кој „го повлекува предлогот за определување на дополнителни забрани, како забрана за комуникација со лица и употреба на средства за комуникација бидејќи не можело да ги прецизира сите лица и средства за комуникација за кои треба да се однесува забраната“.

Со несудски речник, Мијалков во домашен притвор може да користи телефон, интернет, социјални мрежи и да им се јавува на сведоци, осомничени, односно СЈО не му забранува комуникација со ниту едно лице.

СЈО признава дека се уште постои основан страв дека осомничениот може да избега „имајќи го во предвид фактот дека имал пријавено живеалиште во Чешка, тој и неговото семејство поседувале поголем број недвижен имот во и надвор од Македонија, тој поседувал голем број на акции во правни лица во Македонија, како и поранешната функција какао директор на УБК.

Потоа дека неговите блиски врски со поголем број лица вработени во разузнавачки и контраразузнавачки служби во регионот и пошироко и влијанието што го имал во овие структури и во моментов истражната постапка опфаќала преземање на повеќе истражни дејствија со сослушување сведоци, прибирање на материјални докази, издавање на наредби за финансиски вештачења, обвинителството повторно ги разгледало сите околности во поглед на мерките кои можеле да се преземат кон осомничениот за обезбедување на осомничениот и водење на истражната постапка и нашло дека целта да се избегне опасноста од бегство можела да се постигне и со примена на поблага мерка  – куќен притвор“.

За разлика од решението на Камчев каде што уредно е наведено и која подрачна полициска станица е должна да ги врши проверките, во она на Мијалков не пишува ништо, освен дека МВР треба повремено да тропне на врата, неколку пати на ден, и да види дали е дома без да се посочи СВР Центар како подрачна полициска станица.

Од МВР велат дека тие го прават само она што смеат или она што ќе го нареди Судот. Проверките ги вршат редовно, неколку пати на ден, но тие немаат моќ некого да ослободат или притворат, туку постапуваат по налогот на Судот, којшто пак, по барање на Јанева и ги пушти Мијалков и Камчев дома.

повеќе тука

Translate »