Напад на поддржувачите на Трамп во Лондон
Околу 30 илјади Британци протестираа во Лондон пред зградата на британскиот Парламент против американскиот претседател Доналд Трамп кој е во службена посета на Велика Британија.
Секако, пристигнаа и поддржувачите на Трамп и може да се каже дека го извлекоа подебелиот крај. Бесните демонстранти веднаш ги нападнаа и сето тоа се случуваше пред очите на полицијата која требаше да го обезбеди просторот.
Инцидентот се случи само неколку минути после говорот на шефот на Лабуристите, Џереми Корбин кој го водеше протестот против Трамп и кој ги замоли демонстрантите да останат мирни. Сепак, демонстрантите не го послушаа, па физички ги нападнаа поддржувачите на Трамп, кој според Корбин, создал „атмосфера на омраза и растечки расизам“.
Меѓу демонстрантите беше и Шибон Приџет, инаку службеник во исклучително ценетиот Национален здравствен систем. Таа беше забележана на камерите како на еден од демонстрантите му извикуваше „нацистичко ѓубре“.
Приџет подоцна на својот профил на социјалната мрежа Твитер се огласи и порача дека ѝ е жал поради нејзиното однесување и нагласи дека требала мирно да протестира.