Американската амбасада во Македонија објави видео на кое се длаби и се сече тиква во форма на жолто комбе, кое е поврзано со антена по повод ,,Ноќта на вештерките,,. Тиквата била изработена од вработен во Американската амбасада за натпреварот за најдобро издлабена тиква.
,,Ноќта на вештерките,, се прославува вечерта пред Денот на сите светци, утврден од папата Григориј Четврти во 853 година, кога се оддава почит кон сите христијански светци и маченици.