Како да внесете тропска свежина во просторијата? А истовремено да го подобрите квалитетот на воздухот!.

loading...

Престојот во природа не релаксира, го подобрува нашиот имунолошки систем и креативност. Го буди позитивното во нас, ја поттикнува креативноста.

Но, бидејќи не секогаш можеме да престојуваме во природа, можеме  позитивни ефекти од зеленилото да ги внесеме во нашиот дом или канцеларија.!

Следејќи ги светските трендови во урбаната хортикултура и модерното домување, градинарскиот центар ФОЈА изработи ефективна Вертикална градина, која ја постави во една македонска компанија.

Изведбата беше во соработка со Холандски експерти за вертикални градини –ѕидови, по еден уникатен NORSTRENG систем.

Со што беше  овозможено и во затворен простор да има ефективно зеленило кое го разубавува просторот.


Вертикалните градини освен што се одлична декорација и имаат голема естетска вредност, исто така го подобруваат квалитетот на воздухот, внесуваат пријатна атмосфера и воодушевување во просторот.
Повеќегодишно рационално и раскошно решение кое гарантира внесување на тропска свежина во просториите и градините.

Иновативно решение за многу ѕидови, и делови како во ентериерите на домовите, канцелариите, продавниците , така и за екстериерни површини.
Вертикалните градини претставуваат систем. Истите се изработуваат со претходна подготовка на површината на која ќе бидат поставени, но потоа вегетираат скоро самостојно.

Translate »