(ВИДЕО) Кичевските „Самовилски водопади“ во с.Горно Добреноец вистинска природна атракција

Самовилски Водопади се наоѓаат по текот на реката Студенчица, на северозапад од напуштеното село Фрлогоец. Оддалечени се околу 15 километри од Кичево на надморска височина од 1250 метри.

Се напојуваат со вода од изворите кои доаѓаат од Женска Планина и Пашиница (делови на Бистра). Двата Самовилски водопади се постојани во текот на целата година, со пад на водата од 15 метри (малиот), односно 25 метри (големиот).

До нив се стигнува по маркирана патека во должина од 3,5 километри која почнува од каптажата за вода на река Студенчица, до којашто пак води земјен пат од село Горно Добреноец.

На овој терен се оди по планинарска патека и пристапот е отежнат од паднати буки на самата патека. Патеката на места бара поголема претпазливост од лизгавиот и влажен терен и карпи (во зависност од периодот, преминување и на места преку надојдената вода во потокот), не е препорачлива за почетници кои немаат искуство во движење низ планина. Подетално патеката е во правец на рибникот, на околу час и пол пешачење од последното место каде што застанува автомобил (теренско возило) – додаде нашиот пријател Мирослав кој за себе вели дека често пати времето го поминува во природа во нашиот регион.

https://porta.mk/wp-content/uploads/2020/08/vodopadi-dobrenoec_portamk.mp4?_=1

Translate »