Грчкиот претседател и се закани на Албанија
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска упати закани на адреса на Албанија во врска со подршката на Атина за членство на Албанија во ЕУ.
„Албанија треба да си ја затвори устата за прашањето за Чамите ако сака да биде членка на ЕУ“, изјави Павлопулос за време на посетата на грчките вооружени сили во Лариса, информираат албанските медиуми.
Тиранскиот весник „Тема“ пишува дека претседателот на Грција оваа закана ја упатил многу отворено со цел Тирана да го премолчи прашањето за Чамите за кое шефот на албанската дипломатијам Дитмир Бушати, изјави дека веќе е отворено во преговорите со Грција.
Весникот нагласува дека во време кога се започнати преговорите помеѓу Атина и Тирана за надминување на крупните прашања помеѓу двете земји, Павлопулос изјавува дека прашањето за Чамите не постои.
„Албанија не треба да го иницира таканареченото прашање од времето кога беше присутен фашизмот во Грција“, рече Павлопулос.
Владата во Тирана упати критика по изјавата на грчкиот претседател нагласувајки дека прашањето за Чамите постои, а медиумите во Тирана изјавата на Павлопулос ја оценија како долевање бензин на огнот во време кога Тирана и Атина водат преговори за значајни прашања.