ВИДЕO: Го најдоа ли клучот од гласачкото место жителите на Рамни Габер
Вистинска авантура е возењето по земјениот пат кој води до планинското село.
Славица Дуљанова
05 мај 2019,
Со дупки, камења и кал ќе се сочите со тешко проодниот пат до селото .
Ако немате џип, подобро тргнете пеш.
Лошиот пат беше и причина жителите на ова село за првиот круг да не излезат на гласање за претседател на државата.
Гласањето во минатите изборни циклуси се одвивало во џамијата во кујната, но во првиот круг од претседателските избори мештаните не го даваа клучот .
Трошната куќа која е импровизирано гласачко место во минатото била училиште сега има нов сопственик.
Канал 5 го затекна сопственикот, тој не сакаше да зборува пред камерите.
Просторијата во која се гласа е со големина од околу 4 квадрати, ги затекнавме членовите на избирачкото место, но гласачи немаше.
По селските улички пробавме да најдеме некој соговорник од селото, не сакаа јавно да говорат, но зад камерите велат дека се револтирани од тоа дека со години никој не сака да го асфалтира патот кој особено е ризичен зимно време.
Канал 5 дури беше во селото никој од 74-рите гласачи не излегоа да гласаат