Жерновски ја напушти салата во Обединетите нации за време на говорот на претседателот
Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ја напуштил салата на Обединетите нации за време говорот на претседателот Ѓорге Иванов.
– Ја напуштив салата на ОН за време на говорот на Иванов, бидејќи не сакаме и нема да дадеме легитимитет на неговиот скандалозен настап, полн со манипулации, омраза и создавање непријатели. Отворениот повик за бојкот на референдумот и грубата злоупотреба на говорницата, е всушност апел за самоизолација, но и крајна неодговорност кон сегашните и идни генерации, нагласи Жерновски, објави Жерновски на својот ФБ профил.
– Македонија нема повеќе време за губење!!! Испраќајќи го во историјата и него и неговите ставови, продолжуваме со нашите пријатели и партнери од ЕУ и НАТО да ја градиме, заедно со и за граѓани, заедничката просперитетна иднина, додава тој во објавата.