Вие сте лажни новинари! Им се обрати претседателот на Украина на руските новинари, и по грешка влезе кај руската делегација

Украинскиот претседател Петро Порошенко се најде во многу незгодна ситуација кога случајно влезе во собата на „најголемиот непријател“ – руската делегација во ОН.

Порошенко го направи гафот додека се обидуваше да се оттргне од руските новинари во седиштето на ОН во Њујорк каде во тек е 73. заседание на Генералното собрание.

Тој заедно со неговото обезбедување се движеше низ ходникот кон главната конференциска сала, кога група руски новинари дотрчаа да му поставуваат прашања, меѓу кои и за неговата иницијатива за праќање на мировна мисија на ОН во источна Украина, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

„Нема да ви одговарам на вашите прашања, вие сте лажни новинари“, им рече Порошенко.

Во истиот момент отвори погрешна врата и влезе право „во устата на лавот“ – собата на руската делегација.

Веднаш излезе и продолжи кон главната сала во тишина, пренесува ТАСС.

Украина и Русија се „на работ на војна“ откако источниот дел на земјата се „отцепи“ од Киев во 2014 година, под помалку или повеќе отворено патронство на Москва, и беше прогласена „народна република“ во Доњецк и Лугањск, а потоа беше одржан референдум на кој жителите на Крим „одлучија“ да се вратат во состав на Русија.

Translate »