Епохално откритие -Вакцина против рак во продажба веќе наредната година

Вакцината која се покажа како 97 проценти  успешна против туморите кај глувците, во текот на оваа година ќе биде тестирана и на луѓето. Ако го помине тестот, вакцината  ќе биде достапна  за пациентите наредната година.
Таа  има само малку нус појави , меѓу кои евентуална температура и полесни  болки, а  на пациентите кои ќе ја примат нема да  им треба хемотерапија.  Вакцината го  активира имунолошкиот систем кој се бори  против туморот.
Истражувањата покажуваат дека вакцината ќе биде најуспешна кај лимфомите.

Тестирањето ќе биде  изведено врз 35 пациенти. Секој пациент ќе добие две дози од вакцината плус мала доза на радијација, во период од шест месеци. Иако се третира како вакцина, овој медикамент сепак не создава траен имунитет за појава на туморите.

Д-р Роналд Леви, онколог од Станфорд,  го води ова истражување. Тој верува дека новата вакцина против ракот може да биде исклучително ефикасна, но признава дека треба уште работа за таа да се подобри. За” Франциско Гејт”  тој вели – “Ова е нов начин на лекување на канцерот, да го натерма еимунолошкиот систем самиот да ја детектира болеста и да се избори против неа. Луѓето мора да знаат дека се уште сме во рана фаза и се трудиме да ја направиме вакцината целосно  успешна . Во моментов вакцината е составена од два лека, напаравени од две различни компании. Таа комбинација сега се тестира. Ракот е голем проблем за човештвото и мораме да најдеме ефикасен начин да се избориме со оваа болест.”

 

Translate »