Димитров: ЕУ да си го одржи зборот, македонската приказна е тест дали Балканот ќе и верува на ЕУ
-Нашата битка, е битка и на Европа сама со себе. Да си го одржи зборот! Крајно време е да ги почнеме заслужените преговори за членство и така ќе бидеме заеднички победници- ова е пораката на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања за Денот на Европа 9-ти мај. Македонската приказна е тест дали на ЕУ може да и верува Балканот заради: изгубеното време, очигледниот прогрес, решавањето на тешки прашања- вели Димитров. Тој утре заедно со премиерот Заев патува во Брисел каде ќе се сретнат со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
-Малку светли точки имаме на Балканот. Од Северна Македонија доаѓа надеж.Токму затоа одлуките што ќе се прекршат околу нас ќе имаат рефлексија на целиот Западен Балкан. Наше е да најдеме начин согласно европските принципи, да излеземе од овој многу штетен ќор-сокак годинава-вели Димитров.
На прашањето за одвојувањето на пакет Северна Макеоднија-Република Албанија на патот кон ЕУ, Гир вели:
-Тоа прашање беше покренато при посетата на комесарот Вархеи . Тој рече дека ЕК работи на тоа да се закаже меѓувладина конференција со двете земји со СРМ и РА, но се уште не сме дојдени до тој момент. Тоа е прашање со кое треба да се занимаваат Европскиот совет на ЕУ и 27-те земји членки кои го адресираат тоа прашање-рече Гир.
Гир потсети дека првата пратка на донирани 120 000 вакцини почна од Македонија. 230 милиони евра добила земјава од ЕУ во обезбедување на итна медицинска помош :над 25 респиратори, 35 парчиња медицинска опрема, над 2 милиони парчиња лична заштитна опрема и друга фимнансиска помош со цел ублажување на социо-економските последици од пандемијата и зачувување на работните места. Помошта најави ќе продолжи и во иднина.