Канческа-Милевска координаторка на новата пратеничка група

Oсумтемина опозициски пратеници, кои минатиот петок гласаа за пристапување кон уставни измени, денеска попладне до Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери доставиле известувања дека ќе настапуваат самостојно, како независни пратеници и дека формираат нова пратеничка група.

Џафери рече добил поединечни известувања од овие пратеници, дека тие во иднина во Парламентот ќе настапуваат самостојно, како независни пратеници.

 

kanceska

 

Во меѓувреме до собраниската архива официјално е доставен акт дека овие пратеници ќе формираат нова пратеничка група. Според неофицијалните информации, координатор на новоформираната пратеничка група ќе биде пратеничката Елизабета Канческа-Милевска.

ТВ 24

Translate »