Шокантна исповед: Дражен три години знаеше за сообраќајката, јас му ја видов на неговите раце!
Мирко Миличевиќ, поранешниот соиграч на Дражен Петровиќ во редовите на Цибона, се реши по 25 години да открие една голема тајна поврзана со големата трагедија по која животот го загуби легендарниот хрватски кошаркар.
Миличевиќ тврди дека Дражен три години знаел за оваа несреќа, откако тој му ја претскажал, гледајќи на неговата рака.
„Прво сакам да кажам дека за ова никогаш не сум зуцнал пред медиумите. Но, мислам дека дојде време и јавноста треба да знае. Дражен ми беше голем пријател и многу време поминувавме заедно, а во 1990 година му кажав што ќе се случи со него. Тој сакаше да му гледам на раката и да му ја кажам каква иднина го очекува и кога ќе се жени. Јас видов несреќа и тоа му го кажав. По три години од тој момент, на телевизија слушнав дека Дражен го загубил својот живот во сообраќајна несреќа. Но, тоа не е сè. Непосредно откако се вери со Рената ми пријде на една прослава и ми рече: „Ајде геније, кажи кога ќе правиме свадба“. Кога ги видов нивните раце, немав храброст да испуштам ниту збор, па побегнам. Потоа, на Дражен му реков дека ако тој се жени со Рената, јас тоа ќе го направам со Хитлер, бидејќи јас сум поблиску до Хитлер, отколку тој до Рената. По извесен период повторно побара од мене да му гледам на раката и тогаш пак му реков: „Другар, сè уште ти стои сообраќајката, господ нека е со тебе“, открива Мичевиќ.
„Кошаркарскиот Моцарт” на 28-годишна возраст го загуби својот живот во 1993 година во сообраќајна несреќа која се случи во Германија.
Дражен Петровиќ е роден на 22 октомври во 1964 година во Шибеник. На 13. годишна возраст стана играч на Шибенка, а две години подоцна дебитираше за првиот тим на тогашниот југословенски прволигаш и експресно ги импресионира тренерите со неговите перформанси. Еден од сведоците на работата на Петровиќ беше неговиот животен пријател, Невен Спахија, кој подоцна стана и негов тренер. Вели дека Дражен секое утро впо седум часот беше во сала, изведуваше по 500 удари, на тренинзите доаѓаше прв, а си одеше последен. Доминираше на многу јуниорски натпреварувања и веќе на 16 години стана најдобар млад кошаркар на поранешна СФРЈ.
Откако ја предводеше Југославија до бронзениот медал на ОИ 1984 во Лос Анџелес на адреса на Дражен Петровиќ почнаа да стигнуваат понуди од многу клубови.
Кариера во Европа
Иако за полнолетниот Дражен се бореа многу клубови од бивша Југославија, тој потпиша за Цибона, клуб во кој играше неговиот брат. Два пати ја донесе Цибона на тронот на Европа, во две сезонибеше најдобар европски играч. Потоа преминува во Шпанија, во тимот на Реал Мадрид, каде исто така беше прифатен од играчите и публиката. во тој период Дражен беше лидер на државната репрезентација со големи успеси, поведа на Светското првенство во Аргентина 1990 година, златен медал на Европското првенство во Загреб 1989 година.
Феноменалните игри во Европа не ги одминаа скаутите на северно американската професионална лига во кошарка. Па така во 1990 година Дражен стана член на НБА – заигра за Portland Trail Blazers. Својот талент повторно го истакна после две години во NEw Jersey. Не само што во 1992 година беше најдобар шутер во тимот, а посебно за тројки, туку беше и најдобриот играч од Европа кој до тогаш играл во НБА.
„NBA Entertainment“ и „ESPN Films“ снимија документарец за легендарните кошаркари од поранешна Југославија, некогаш големите пријатели, србинот Владе Дивац и хрватот Дражен Петровиќ, чиј однос се залади за време на војната.
Пријателството се гради со години, а се уништува за една секунда, вели Дивац кој во документарецот збори за тоа како тој и Дражен со зедничка сила ја воделе Југославија до титулата „Светски шампиони 1990 година“ во Аргентина