Весна Трифунова- Професионалниот пристап е клучен за успех
Студеното време, смогот и маглата предизвикуваат косaта да биде крута и безживотна. Затоа е неопходно да се изберат препаратите, кои ќе ја штитат кутикулата на влакното,а истовремено ќе се грижат и за кожата. Тука секако е важно изборот на шампонот, како и на фарбата да бидат прилагоден според карактеристиките на косата, за што е потребно советување со професионален фризер. Практичното искуство на фризерот, како и неговото познавање на индивидуалните карактеристики на косата на секој индивидуален клиент се исклучително важни.
Дали постои некој тренд оваа сезона?
Долгата коса и неодоливите бранови се нештошто отсекогаш било поврзано со женственост, елеганција и неодоливост, сеповторно тренд. Тука е шатирањето, елегантниопуштени бранови кои даваат свежина и убава промена. Промената секогаш носинови очекувања, надеж..желби за убави работи.
Како да се задржи природниот сјај, живоста и хидратацијата на косата, што советувате?
Со нанесувањена бојата на косата, коренот на влакното се нагризува и слабее. Тоа доведува догубење на сјај и живост и недостиг на хидратација на влакното. Токму поради тоатреба да се користат формули кои прво ја отстрануваат бојата пред да се нанесепосакуваната нијанса, притоа оставајќи ја косата во совршена состојба. Така што,кога станува збор за фарбање, шатирање секогаш е потребно да се консултирате сопрофесионален фризер со долгогодишно искуство.
Прославивте 18 години од Студио Акт. Отворивте и центар за едукација. Какво е чувството после толку години?
Дефинитивно убаво.Кога имате лојални клиенти, кога луѓето Ви веруваат, кога се чувствувате продуктивно…и кога нешто создавате секако е пријатно. Во ново отворениот центар за едукација АКТ, се реалиизраат обуки за професионални шминкери, основна и мастер обука, едукација за шишање и стајлинг, ндаградба на нокти, ботокс на трепки и многу повеќе. Обуките ги спроведуваат искусни професионалци од земјава и странство, лица со големо практично исксуство, и со искуство на едукатори.
Кандидатите имаатможност да се стекнат со вештини и знаења, кои ќе им овозможат самостоенпрофесионален ангажман, а по завршената обука добиваат релевантен сертификат.
Што значи негувана коса за една жена. Како тоа делува на самодовербата?
Квалитетната и добра нега на косата може да ви послужат како одлична инспирација за да го подобрите вашиот личен стил. Негуваната, јака и сјајна коса ја хранат самодовербата на секоја жена. Косата е најдрагоценото нешто за една жена, токму затоа и треба квалитетно да се грижи за неа.
Центар за едукација АКТ- https://www.facebook.com/centarzaedukaciiakt/
Ул. Димо Хаџи Димов бр.107, Кисела Вода- Скопје
контакт 071 227 891