Како звучи легендарната “Чукни во дрво” со Влатко Стефановски, Калиопи, Џамбазов, Тамара, Бени, Вера од Љубојна, Симон Трпчевски, Дац, Митевски…(видео)

Во организација и продукција на Македонската Радио Телевизија под мотото #ОстаниДома, група од врвни македонски естрадни уметници ја изведоа легендарната „Чукни во дрво“ на Влатко Стефановски.

Под мотото #ОстаниДома, група од врвни македонски артисти, меѓу кои: Влатко Стефановски, Калиопи, Тамара, Весна Гиновска Илкова, Симон Трпчески, Андријана Јаневска, Ленче и Горан Кукиќ, Игор Џамбазов, Бени, Алкесандар Митевски и Драган Спасов-Дац, Вера од Љубојна, Влатко Лозановски, Пере од Нокаут, Миле Кузмановски и Васил Зафирчев, ги соединија своите гласови и позитивни енергии во изведба на легендарната „Чукни во дрво“.

Свој придонес во проектот дадоа Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во аранжаман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и Јан Стефановски на тапани.

Translate »