Новинарските организации од Македонија бараат Иефимерида да ги објави имињата на корумпираните новинари

Зружението на новинарите на Македонија, Советот за етика во медиумите на Македонија и Независниот синдикат на новинари и медиумски работници вчера испратија допис до грчкиот веб портал Иефимерида, кој овој месец објави информации дека грчката влада потрошила милионски суми за корумпирање на македонски медиуми и новинари.

Во дописот ЗНМ, СЕММ и ССНМ бараат од уредништвото на Иефимерида да ги објави имињата на новинари и медиуми што наводно примале пари со цел да навиваат јавно за договорот од Преспа.

– Објавување нецелосни информации во врска со работата на македонските новинари го урива нивниот углед и довербата пред јавноста и во исто време претставуваат злонамерни шпекулации, кои можат да им служат само на политичките интереси – се вели во соопштението од Здружението на новинарите.

Translate »