Ѝ го избришал минатото, трпи оргии… Сопругата на Ким Џонг – Ун е убавица, а ова е нејзината животна приказна

На првата дама на Северна Кореја, очигледно не ѝ цветаат рози со Ким Џонг-Ун, наведуваат медиумите. Во продолжение прочитајте зошто е тоа така…

Лидерот на Северна Кореја е една од најмоќните личности на светот, чиј чекор секогаш се следи будно, а неговата сопруга Ри Сол Ју е вистинска мистерија, како за севернокорејските, така и за странските медиуми.

Светот неретко е шокиран поради постапките на Ким за кои се пишува нашироко, од тоа дека забранил венчавка, го убил родениот брат, ја уредил државата така што се да биде по ред, па очигледно дека делува и на неговата сопруга – негативно.

Ри Сол Ју е вистинска убавица и се појавува со својот сопруг на јавни настани, како прва дама на Северна Кореја, а медиумите шпекулираат дека нејзиното минато го избришал Ким, како и дека не ѝ цветаат рози.

Никој не знае кога таа е точно родена, се погодува дека е родена помеѓу 1985 и 1989 година, а исто така се наведува дека Ри Сол не ѝ е вистинското име, туку псевдоним.

Имено, многумина сметаат дека Ким ѝ го избришал минатото и дека само тој ѝ кажува кои детали смее таа да ги изнесе во јавноста за себе.

Завршила средно училиште во Пјонгјанг, студирала музика во Кина, што не е чудно, затоа што лидерот на Северна Кореја е голем љубител на музика и танц. Некои сметаат дека Ри Сол била одгледувана за да му биде сопруга…

Се наведува дека таа некое време била дел од некој оркестар со кој неколку пати неделно настапувала, но сите докази од таа нејзина фаза се уништени.

Бракот на Ким и неговата сопруга во 2008-та година го договорил таткото на Ким, пред да добие мозочен удар, пренесуваат од Би-би-си.

Кога Ри Сол не се појавува во јавноста, се верува дека тоа не ѝ го дозволува нејзиниот сопруг. Се претпоставува дека тие двајца имаат две деца, едно родено во 2010-та, а друго во 2012-та година, што е периодот кога првата дама на Северна Кореја не се појавувала во јавноста.

Во Северна Кореја наводно постои ‘Петта дивизија’, харем со околу 2.000 жени чија задача е да ги забавуваат партиските функционери и да имаат сексуални односи со нив. Тоа постои од времето на владеењето на Ким Ил Сунг кој што ги користел жените за забава.

Наводно, Ким ја продолжил таквата традиција, и се забавува со жените организирајќи оргии во харемот, додека неговата сопруга Ри Сол мора да го трпи тоа…

Translate »