Маж во Кочани со чекан ја усмртил сопругата пред нивните деца

Од МВР велат дека утринава во 3.10 часот во Полициската станица Кочани се јавилa женa и пријавилa дека во куќа на улица „9-ти Мај“ во Кочани таткото ги тепал сопругата и ќерката. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што на покривот од куќата го затекнале Б.А.(54) од Кочани. Непосредно по доаѓањето на полициските службеници, тој скокнал од покривот и починал.

„Во куќата во неконтактибилна состојба биле затекнати Л.А. (44), сопруга на Б.А. и неговата ќерка И.А.(22). Тие биле пренесени во Општата болница Кочани, каде Л.А. починала, а И.А. сè уште се наоѓа во критична состојба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, информираат од МВР.

Дваесет и двегодишната И.А од Кочани се бори за живот. По семејна расправија, таткото на девојката Б.Л. неколкупати со нож ја ранил неговата сопруга Л.Л. Откако увидел дека жртвата покажува знаци на живот посегнал по чекан и со него и нанел неколку удари во главата со намера да ја усмрти. Сведок на насилството биле децата на брачниот пар, 22 – годишната ќерка и 13- годишното момче кое веднаш побегнало и се засолнило кај соседи.

Ќерката се обидела да го спречи нападот врз нејзината мајка, но и самата била повредена притоа. По безуспешен обид да го спречи својот татко кој со чекан и задал смртоносен удар на нејзината мајка, го пријавила случајот во полиција.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани извршил увид на самото место заедно со екипа на крим-техника од Министерството за внатрешни работи. Во насока на утврдување на фактите и расветлување на настанот издадени се наредби за прибирање и вештачење траги од самото место, за анализа на крв и урина од починатите и за вршење обдукција на телата на починатите, информираат од Обвинителството.

Translate »