Ким Бесинџер-Наутро не го мијте лицето!
Американската актерка Ким Бесинџер, одлично ги носи своите години, а никој не би можел да претпостави дека е во седмата деценија од животот.
Магазинот Плејбој ја стави на листата на најпосакувани жени на 20 век, а таа денеска одушевува со својот изглед.
Освен одличната физичка подготвеност, Ким има одличен тен и шармантни црти на лицето кои како да не стареат.
Ким во едно интервју ги открива правилата до кои се држи, а тие се однесуваат на добра исхрана и нега.
Не изложувајте ја премногу кожата на сонце.
Не јадете месо. Никакво. Никогаш.
Наутро не го мијте лицето! Зошто? Ноќе, кожата произведува колаген, заслужен за младоликост!
Барем еднаш месечно правете пилинг со морска сол.
Шминкајте се, но умерено – за другите да не јазабележат шминката. Помалку често е повеќе.