Како технологијата го промени начинот на водење бизнис
Во денешно време технологијата е секојдневие и никој не може да си го замисли животот без неа, иако до пред само дваесетина години сме немале масовно користење ни на мобилни телефони. Технологијата многу брзо го менува светот каков што го знаеме, а „Напредокот на технологијата е базиран на целосно вклопување во човечките животи, за да стане составен дел од секојдневието, без да го забележиме тоа“, како што вели Бил Гејтс.
Технологијата продолжува да се развива и ги менува не само нашите животи туку и начинот на водење бизнис. Порано извршувањето едноставна активност, како што е испраќање обична порака, подразбираше чекање од неколку минути до неколку денови, зависно од големината и оддалеченоста.
Сега сите потребни информации ни се достапни со само еден клик, а само оние кои ќе знаат да ја искористат оваа предност ќе можат да го најдат патот до врвот. Денес се зборува за е-плаќања и е-трговија, за дигитални сертификати, за софтверски решенија кои ги покриваат сите деловни процеси од нарачки, фактурирање, сметководство и плати, па сè до управување со производство и деловна аналитика.
„Информатичката технологија и бизнисите
стануваат неразделно испреплетени.
Јас не мислам дека некој може да разговара значајно за едното без да зборува за
другото“, истакнува Бил Гејтс.
Сето ова, покрај тоа што ја зголемува достапноста на потребните ресурси и заштедува многу време, влијае и на намалување на бизнис трошоците. На пример, со ICT и Cloud услугите на Македонски Tелеком може лесно да се замени скапата IT инфраструктура, потребна за непречена работа на вашиот бизнис, да се заштедат време и пари, а да се обезбеди многу поголема безбедност на податоците.
Архивирањето, прегледувањето и безбедноста на податоците, пак, се доведени до совршенство. Потребно е само да користите виртуелен диск каде што можат да се складираат документи, да се прегледуваат и истовремено до нив да имаат пристап повеќе корисници, а тоа да се направи преку кој било уред, од која било локација и во кое било време, преку веб и апликации за iOS, Android и Windows PC. Со ова работата и комуникацијата меѓу вработените, партнерите, институциите, клиентите… е многу поефикасна, побрза и полесна.
На пример, со Office 365 Premium, една приватна ординација или салон за убавина може да закажува онлајн термини за корисниците, без да се губи време на јавување на телефон или на проверка во роковникот за слободни термини. А со помош на апликации, како на примет Fleet Management Solution на Tелеком, една шпедитерска компанија може да ги следи сите свои возила, да ја контролира потрошувачката на гориво, да се заштити од кражби…
Развојот на технологијата отвори и многу нови работни места и можности, како што е на пример работата од дома, со што се избегнува класичната канцеларија.
Огромен број млади луѓе денес од дома дизајнираат веб страници, програмираат, креираат апликации и дигитални услуги за компании од САД, Канада, Холандија, за каде било во светот, а работат од дома. Да се користи Cloud сервер, виртуелен диск, значи буквално да немате потреба од канцеларија во која би се чувала скапата опрема.
Денес, благодарение на технологијата сите имаат рамноправни услови за водење бизнис, независно од тоа од каде потекнуваат, какво е нивното искуство и каде се наоѓаат. Дигитализацијата на бизнисот е единствен пат кон успехот без разлика дали се работи за мали, средни или големи претпријатија.