Млад пациент од Виница почина од Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.907 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19. Починати се 25 лица меѓу кои најмладиот имал само 27 години, а регистрирани се 786 оздравени пациенти, информира Минстерството за здравство.

Пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје (46,60,64,65,67, 67, 70,71, 74 и 75), по 2 лица од Тетово (70 и 72), Штип (69и 70) и Гостивар (67 и 79) и по 1 починато лице од Куманово (64), Прилеп (63), Охрид (80), Виница (27), Струмица (78), Кочани (56), Кичево (62), Струга (78) и Свети Николе (57). Од пријавените, 4 лица се починати во домашни услови, а останатите 21 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 734.904 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.694, бројката на оздравени пациенти е 137.331, на починати е 5.067, а бројот на активни случаи изнесува 11.296.

Translate »