Како да се подобри квалитетот на земјоделските производи? Со ИоТ решенија до поздрава храна!
Според FAO годишно се губат помеѓу 20 и 30 % од земјоделските приноси поради болести и штеточини. Експертите за храна предупредуваат дека многу брзо ќе дојде и до намалено производство на храна. Глобалното затоплување веќе предизвикува намалување на обработливите површини за храна, намалување на количините на вода за наводнување, а кога на тоа ќе се додаде загадувањето на почвата со тешки метали и неконтролирано користење на пестициди, иднината не е светла!
Оптимизирањето на земјоделските ресурси, како и производството на квалитетна и еколошки здрава храна е еден од најголемите денешни предизвици.
За среќа, паралелно со овие тенденции ни се случува и нова технолошка револуција „Интернет на нештата“ или “Internet of things“ (IoT) што всушност претставува платформа којашто поврзува електронски “интелигентни” уреди кои се способни за меѓусебна комуникација без потреба од човек-човек или компјутер-човек интеракција. Оваа технолгија во последните 5 години се повеке се употребува во многу индустрии, вклушително и во земјоделието, а со цел да се намалат негативните ефекти. Примери за примена на ИоТ решенија постојат и во земјава.
Едно од нив е решението на А2ОГеникс – интелигентно земјоделие со користење на ИоТ технологијата која овозможува пратење на сите битни параметри на растенија и се базира на интелигентна мрежа од сензори која се поставува на насадите. Таа овозможува податоците за состојбата на посевите да се добиваат во реално време и веднаш да се реагира и да се преземат потребните мерки. Мрежата може да користи различни комуникациски протоколи во зависност од големината на посевот.
Решението се состои од три дела:
Интелигентна мрежа од сензори (автономни метролошки станици, кои во комбинација со беспилотни летала со мултиспектрална камера ги собираат сите потребни информации)
Централен систем, кој ги прима податоците од влезните уреди, ги процесира и врз база на тие податоци (температура, релативна влажност на воздухот, сончева ирадијација, влажност на почвата, врнежи, појавување на болести др) донесува одлуки за преземање на управувачки акции.
Интелигентни актуаторски уреди
– Интелигентен систем за управување на излезните параметри кој во зависност од типот на посевот презема соодветни акции со цел да се оптимизираат условите за раст.
Живееме во свет на „паметни нешта“, каде имагинацијата на луѓето не познава никакви граници, а како никогаш досега технологијата е ставена во функција на оптимизација и поголема ефикасност на земјоделието. Многу нешта за кои сме можеле само да сонуваме, веќе се дел од секојдневието, вели професор Оливер Илиев еден од главните истражувачи и носител на овој проект. Според него Македонија како земја која произведува земјоделски производи треба да се осигура и во иднина дека не само што ке ќе го задржи па туку и да го зголеми квалитетот и количината на земјоделските производи. А тоа е возможно само ако имаме поголема примена на интелигентни решенија во земјоделието.