Холандскиот парламент даде зелено светло за Македонија за почеток на преговори со ЕУ, и категорично „не“ за Албанија
Македонија направила охрабрувачки напредок, посебно со Преспанскиот договор. Да продолжи со отворените предмети од СЈО и да се усвои закон со кој ќе се гарантира независно обвинителство кое ќе биде надлежно за висока корпуција. Ова е ставот на уште една земја дава подршка Македонија да ги стартува преговорите со Европската унија.
Станува збор за Холандија, земја која пред неколку дена го ребрендираше името и ќе се нарекува Нидерланд.
На дебатата во Комитетот за европски прашања на холандскиот Парламент Стеф Блок како шеф на дипломатијата кажа дека барањето на Холандија е Македонија и Албанија да бидат раздвоени во однос на преговарачкаиот процес бидејќи за Албанија било прерано.
Таа земја бара оценувањата на Македонија и Албанија да биде посебно врз основа на нивните постигнувања.
На 15 октомври се состанува Советот на министри во Луксембург, додека конечна одлука треба да биде соопштена три дена подоцна на 18 октомври од страна ан Европскиот совет.
Она што Холандија и покрај се што го ветува е дека нема да стави вето а за Албанија се потенцира дека мора да се посвети повеќе на борбата против криминалот и корупцијата.
-Холандскиот парламент и датумот за почеток на преговорите: Зелено светло за Македонија, без дополнителни услови, погодна позиција и категорично НЕ за Албанија“ – напиша на Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски.
Милошоски информира и дека холандскиот министер Блок ќе биде отсутен за време на министерскиот состанок во Луксембург, кога ќе се одлучува за Македонија и Албанија (ќе биде во придружба на кралската двојка на важна трговска посета во Индија), при што дел од пратениците имаа дилема како тоа ќе се одрази на холандските позиции за време на министерскиот совет, додавајќи дека мнозинството пратеници сепак одлучи дека Холандија ќе поддржи одлука за преговори со Македонија, но е категорично против било каква одлука за отварање на преговори со Албанија.