Љубе Бошковски стана советник за странски инвестиции во тимот на Заев
Љубе Бошкоски и официјално ќе биде дел од советничкиот тим на премиерот Зоран Заев. Неговота позиција ќе биде советник за странски инвестиции. Според Владата, Бошковски единствено ги исполнувал условите предвидени во конкурсот, а неговата плата ќе биде 50 000 денари месечно. Примени се уште 4 посебни советници на премиерот.
Инаку, Љубе Бошковски во 2011 година беше осуден за нелегално финансирање на изборната кампања на неговата партија Обединети за Македонија. Поминал 5 години во затвор.
Специјалното обвинителство за начинот на апсење на Бошкоски го отвори случајот „Тортура“ кој веќе влезе во судница. Според СЈО, екс директорт на тајната полиција нарачал омаловажувачко приведување на Бошкоски, а во тоа помогнале шест полицијаци припадници на единицата Алфи.