КЕКЕНОВСКИ: АКО САКА ОПОЗИЦИЈАТА НЕКА СИ БОЈКОТИРА, МОЖЕМЕ ДА ИМАМЕ ИЗБОРИ И БЕЗ НИВ
Јове Кекеновски од коалицијата „Никогаш Северна – само Македонија“, за отвореното студио на ТВ 24 изјави дека кога едната политичка страна се залага за избори другите бегаат и обратно и затоа ние имаме постојано контроверзии на политичката сцена.
„Ние мораме да живееме со коронавирусот и мислам и тврдам дека избори мора да има сега. Логично е по завршувањето на вонредната состоја да продолжат роковите кои што ги имаме согласно изборниот законик. Едни членови на ДИК велат потребни се 35 денови, други велат 50 денови, но најважно е изборите да не бидат подоцна од 12 јули“, смета Кекеновски.
Според него, изборите може да се одржат на 21 јуни или 28 јуни, а опозицијата ако сака може да ги бојкотира.
„Изборите можат да бидат одржани и без нив, има голем број на партии на избирачкото ливче. Нема да биде никаква штета, но последиците ќе си ги сноси нејзиното раководство“, вели тој.