ПРОМЕНИ НА ВРЕМЕТО: Дожд, град и пониски температури
Во Македонија се очекува пороен дожд и грмежи, но и посвежо време.
Во вечерните и ноќните часови на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со ветер и град.
Максималната температура ќе биде од 25 до 31 степен.
УХМР за утре најавува облачно и значително посвежо време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови на земјата локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Од петок, ќе преовладува стабилно време со умерен северен ветер, а во почетокот на наредната недела ќе има услови за локален дожд.