Каков е “мирисот на тангото”?

Кога заведувањето би можело да се претстави во форма на танц, тогаш тоа дефинитивно би било тангото. Се појавува во втората половина на 19тиот век во латинска америка и важи за еден од најфасцинантните и најсензуалните танцови.  Денес постојат неколку видови на танго кои се имаат развиено низ текот на годините а важноста и неговата уникатност е  потврдена и со тоа што во 2009тата година беше ставено на листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство.

Она што го издвојува тангото од останатите танци е аурата која ја создава и која прави да  изгледаме посигурно, мотивирано и со самото тоа многу попривлечно.  Ни дава моќ да ја изразиме својата индивидуалност, да го зголемиме нивото на самодоверба и изгледаме попривлечно кај спротивниот пол.

А кога тангото го комбинираме со мирис имаме совршена формула за заведување. И секако поголеми шанси успешно да ја завршиме играта на заведување!

Мотивирани токму од тангото, и неговата заведувачка моќ, двете светски познати и реномирани женски парфимери, Емили Коперман и Алиенор Масен, а базирано на научни докази, креираа мирис кој има ефект на заводливост како и најсензуалното танго. Мирис кој ја истакнува женската сензуалност, кој овозможува мирисот да биде нејзиниот најсилен адут во привлекувањето. За потребите на Орифлеим го создадоа “Magnetista”, првата парфимирана тоалетна вода која ги прави жените попривлечни кај спротивниот пол.

Magnetista го содржи уникатниот акорд на цветот Пасифлора, од чиј мирис се испуштаат феромони кои дејствуваат како силен афродизијак

Како што кажува и неговото име “Magnetista” има ефект како на магнет, односно ја опремува жената со невидливо моќно оружје, кое и овозможува да биде позаводлива и полна со самодоверба.  А убавината на девојките да не зависи толку од нивниот изглед!

Translate »