Во Индија повеќе од 24 милиони заразени со коронавирус, индискиот сој се шири низ целиот свет
Бројот на пријавени случаи на Ковид-19 во Индија се искачи на повеќе од 24 милиони лица, додека индискиот сој на коронавирус кој многу брзо се шири го зафати целиот свет.
Индискиот сој на вирусот Б.1.617 е пронајден во САД, меѓу нив и Канада и САД, изјави Жаиро Мендез, експерт за заразни болести на СЗО.
Според Министерството за здравство, Индија забележала 4.000 смртни случаи и 343.144 случаи на заразени со Ковид-19 во последните 24 часа. Ова е веќе трет ден по ред во Индија да има 4.000 или повеќе смртни случаи.
Додека вкупниот број на заразени надмина 24 милиони, бројот на лица за кои е потврдено дека починале од Ковид-19 е 262.317 од кога пандемијата ја погоди Индија пред повеќе од една година.
Но, недостатокот на тестирање на многу места значи дека многу луѓе починале без да бидат регистрирани, а експертите велат дека вистинската бројка може да биде пет до десет пати поголема.
Брамар Мукерџи, професор по епидемиологија на Универзитетот во Мичиген, рече дека врвот на болеста се предвидува за оваа недела.
Бројот на нови случаи заразени со коронавирус е доволно голем за да ги преполни болниците, напиша тој на Твитер. Според него, клучниот збор е претпазлив оптимизам.
Индија е најголем производител на вакцини во светот, но поради големата побарувачка, резерви речиси и да нема. До вчера вакцинирани се нешто повеќе од 38,2 милиони луѓе или околу 2,8 проценти од населението од околу 1,35 милијарди, покажуваат владините податоци. Повеќе од 2 милијарди дози вакцина против коронавирус најверојатно ќе бидат достапни во Индија од август до декември оваа година.